Корисничко име Лозинка Пријави се
06.8.2018

Шкендија се подготвува за дуел против Ц. Звезда во Лигата на шампиони

Ако македонскиот првак успее да го помине Ред Бул Салцбург, ќе биде на чекор до пласман во групната фаза од ЛШ

Доколку македонскиот фудбалски првак Шкендија успее да го елиминира тимот на Ред Бул Салцбург, следен ривал на тетовци, во плеј-офот за пласман во групната фаза од Лигата на шампионите ќе биде подобриот од дуелот Црвена Звезда – Спартак Трнава. Ова беше одлучено на денешната ждрепка на УЕФА, во Нион.  
Тетовските „црвено-црни“ в среда ќе го играат првиот меч против фаворизираниот противник од Австрија. Ред Бул Салцбург е домаќин, а реваншот ќе се игра следната недела во Скопје. Ако и по овој двомеч продолжи шампионската одисеја на Шкендија, тогаш мечевите од плеј-офот се закажани за 21/22 август, односно реваншите за 28/29 овој месец.  Реваншот ќе биде во Скопје или Австрија. 
Досега никогаш македонски клуб не успеал да се пласира во групната фаза од Лигата на шампионите и да биде дел од најдобрите 32 во Европа.  
Дури и ако Шкендија не успее да помине против РБ Салцбург, единствениот македонски претставник ќе остане во Европа. Во тој случај Шкендија ќе продолжи во плеј-офот за пласман во групната фаза од Лигата на Европа, а таму би го чекал нов предизвик. Ждрепката за плеј-офот во Лигата на Европа ќе биде денеска од 13:30 часот. 

 

Најнови вести