Корисничко име Лозинка Пријави се
30.8.2018

Белград ги чека Роналдо, Меси, Нејмар, Бејл, Гриезман ...

Извлекувањето на групите ќе се случи вечерва, во 18 часот во Монте Карло

Англиските и италијанските тимови од вториот шешир се најголема опасност за најдоброрангираните клубови пред денешната ждрепка (18 часот) за групите од Лигата на шампионите. Потенцијална „група на смртта“ може да има доколку на две силни екипи од првите два шешира, им се придружат Ливерпул од третиот и Интер од последниот шешир. 
На церемонијата во Монте Карло ќе се прогласат и најдобрите играчи во натпреварувањата на УЕФА за минатата сезона. 
Во групите ќе играат дури 13 клуба кои биле европски прваци. Првото коло се игра на 18-ти и 19-ти септември, а групната фаза ќе трае до 12-ти декември. Сезонава финалето во ЛШ се игра на први јуни 2019, на „Ванда метрополитано“ во Мадрид, домот на Атлетико. 
Прв шешир: Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Барселона, Баерн Минхен, Манчестер сити, Јувентус, Пари Сен Жермен, Локомотив Москва. 
Втор шешир: Борусија Дортмунд, Порто, Манчестер јунајтед, Шахтар, Наполи, Тотенхем, Рома, Бенфика.
Трет шешир: Шалке, Лион, Монако, Ајакс, ЦСКА Москва, Ливерпул, Валенсија, ПСВ Ајндховен. 
Четврт шешир: Бриж, Викторија П’лзењ, Галатасарај, Јанг бојс, Интер, Хофенхајм, АЕК, Црвена ѕвезда. 

 

Најнови вести