Корисничко име Лозинка Пријави се
27.8.2018

Сефте победа за Шкендија во ПМФЛ – Успешно загревање пред реваншот со Розенборг

Хет-трик на капитенот Емини, еден гол на Жуниор за три бода на македонскиот првак против Беласица

Шкендија го забележа првиот триумф во домашниот шампионат, по двете ремија во првите две кола, на градскиот стадион во Тетово падна тимот на Беласица со резултат од 4-1. Екипата од Струмица дојде до изненадувачко водство во 10-тата минута преку Ирфан Вусљанин, откако голманот на домаќините направи катастрофална грешка на работ од шестнаесетникот.

Сепак, тетовци брзо се разбудија од шокот, па само за четири минути направија пресврт со погодоците на капитенот Емини и Жуниор во 35-тата, односно 39-тата минута.

Во вториот дел Шкендија очекувано доминираше на теренот и заслужено постигна уште два погодока, капитенот Емини славеше хет-трик пред својата публика во 76-тата и 80-тата минута.

Фудбалерите на Ќатип Османи со овој убедлив триумф покажаа дека се подготвени за реваншот со Розенборг во плејофот од Лигата на Европа, на кој Шкендија ќе брка негатива од 3-1 по првата средба во Норвешка.

Најнови вести