Корисничко име Лозинка Пријави се
25.7.2018

Лига на шампиони: Пет гола во Загреб, Динамо третото коло

Динамо од Загреб го совлада израелскиот Хапоел Бер Шева со 5-0 во натпреварот од второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите.

Динамо многу убедливо и неочекувано лесно го совлада гостинот од Израел и практично обезбеди пласман во наредната рунда од натпреварувањето уште во првиот дуел.
Хајровиќ и Орсиќ погодија уште во 22-рата и 28-мата минута, а потоа во второто полувреме Адеми набрзина постигна два гола, а конечниот резултат го постави Хоџиќ во 83-тата минута.
Аријан Адеми беше главен во победата на Динамо Загреб над Хапоел Бер Шева, со која хрватскиот тим речиси го завери пласманот во следното коло.
Адеми го даде првиот гол на европски натпревар речиси по три години. Македонскиот репрезентативец погоди во 51-вата минута за 3-0, а десет минути подоцна зголеми и на 4-0.
Црвена ѕвезда немаше проблеми против литванскиот шампион Судува и победи со 3-0 на домашен терен со головите на Ебесилио и двата на Радониќ и со убава предност ќе патува на реваншот.
Астана го совлада Митјиланд со 2-1 на домашен терен. Клајнхеслер го постигна првиот гол на натпреварот во 31-вата минута, додека Викхајм изедначи на почетокот на вториот дел од играта за гостите од Данска. Конечниот резултат го постави Клајнхеслер со уште еден гол, овој пат во четвртата минута од судиското продолжение.
Шведскиот Малме го изненади романскиот шампион Клуж и со голот на Страндберг го совлада со 1-0 во гости, а со тоа си го олесни патот кон третото коло пред реваншот на домашен терен.

Најнови вести