Корисничко име Лозинка Пријави се
16.6.2018

Судот на Босна и Херцеговина не ѝ го дава Мамиќ на Хрватска

Судот на Босна и Херцеговина одлучил да ја прекине екстрадицијата на Здравко Мамиќ, поранешниот челник на Динамо Загреб, во Хрватска, во која неправосилно е осуден на 6,5 години затвор.

Оваа информација за новинарите ја потврди Ивица Рајиќ, адвокатот на Мамиќ.
Мамиќ по рочиштето во Судот на Босна и Херцеговина изјави дека размислува зошто му се случува сето тоа, бидејќи, како што наведе, хрватското државно обвинителство тврди дека фудбалскиот клуб Динамо е оштетен, а Динамо тврди дека не е.
„Едноставно се прашувам во кој дел сум јас и од кој проект. Сè што може да се прекрши во една држава, го прекрши Здравко Мамиќ“, изјави тој, додавајќи дека државното обвинителство во Хрватска во неговиот случај ги прекршило сите можни закони.

Најнови вести