Корисничко име Лозинка Пријави се
31.8.2018

Гоце Седлоски нов тренер на Широк Брег

Поранешниот предводник на Вардар ќе тактизира во босанската Прва лига

Гоце Седлоски ќе биде нов тренер на Широк Брег, откако македонскиот стратег се согласи на едногодишна соработка со босанскиот прволигаш. Соработката на клубот со екскапитенот на македонската репрезентација ќе биде промовирана денес, а Седлоски во стручниот штаб го носи и Александар Влахо, кој ќе ја има улогата на асистент.

Седлоски на клупата го менува Борис Павиќ, а за него ќе биде втор ангажман надвор од нашата земја, откако не се задржа многу во Летонија, односно во тимот на Рига.

Рекордерот по број на настапи за македонската репрезентација, тренерската кариера ја градеше во Хоризонт Турново, потоа во Вардар, а на еден меч ја предводеше и репрезентацијата на Македонија.

Што се однесува за Широк Брег, тој се еден од конкурентите за шампионската титула во БиХ. По седум одиграни лигашки натпревари, Широк Брег се наоѓа на третото место со 13 бода и е единствената непоразена екипа во првенството.

Најнови вести