Корисничко име Лозинка Пријави се
09.10.2017

Фелаини ги повреди лигаментите на левото колено

Роберто Мартинес, селекторот на фудбалската репрезентација на Белгија, изјави дека играчот Маруан Фелаини најверојатно ги повредил лигаментите на левото колено во текот на натпреварот со Босна и Херцеговина во квалификациите за Светското првенство.

Белгија во саботата вечерта ја победи Босна со 4-3, а Фелаини побара замена во 29-тата минута бидејќи потешко се движеше. Лекарите му укажаа помош и се чини дека проблемот е во левото колено.
„Сите сме многу загрижени за Фелаини. Се плашиме дека во прашање е оштетување на лигаментите“, изјави Мартинес, а пренесоа британските медиуми.
Повредата на фудбалерот на Манчестер јунајтед ја потврди и Фудбалскиот сојуз на Белгија.
„Тоа е нешто за што мора на прво место да бидеме загрижени. Лигаменти, лево колено“, наведе Сојузот.
Фелаини е еден од најдобрите играчи на Манчестер јунајтед во последно време, постигна четири гола во последните пет натпревари.

Најнови вести