Корисничко име Лозинка Пријави се
04.8.2018

Адеми верен на Динамо: Го сакам овој клуб

Македонскиот репрезентативец потпиша нов, петгодишен договор со клубот од Загреб

Аријан Адеми денес и официјално ја продолжи соработката со Динамо Загреб. Капитенот на „модрите“ ќе игра на „Максимир“ уште најмалку пет години. 

„Пресреќен сум што потпишав нов договор, ова покажува колкава е љубовта меѓу мене и клубот. Воопшто не се двоумев дали да ја продолжам соработката, Динамо беше покрај мене кога ми беше најтешко, така што јас морам да им се оддолжам на некој начин. Го сакам овој клуб, мојата желба беше да останам тука и заедно да редиме нови успеси. Да се вратиме во Лигата на шампиони, па ако може и да „презимиме“ таму“, истакна Адеми.

За неговите услуги сериозно беше заинтересиран францускиот прволигаш Лил, но Адеми останува верен на клубот кој беше тука за него во најтешките моменти во кариерата, при неговата суспензија.

Најнови вести