Корисничко име Лозинка Пријави се
22.8.2017

Мамиќ ранет во пукање; Динамо: Обид за убиство

Здравко Мамиќ, некогашниот прв човек на Динамо од Загреб, денес е ранет во пукање во Томиславград, потврди неговиот адвокат.

Според непотврдени информации, Мамиќ итно бил префрлен во болница во Томиславград.
„Во 12 часот беше пријавено дека во местото Зидина, општина Томиславград Н.Н. лица од непознато оружје пукале во правец на З.М. роден 1959 година. На местото на настанот излегле полициски службеници. Во тек е увидот и понатамошна оперативна работа“, изјавиле од полицијата.
Мамиќ е ранет во ногата, а Динамо во соопштението наведе дека ова е обид за убиство.
Полицијата трага по непознатите сторители кои се во бегство.
Според првите информации од полицијата, на местото на настанот биле забележани две лица кои избегале.
Од клубот Динамо, каде што Мамиќ моментно е советник, потврдиле дека кон Мамиќ било пукано од огнено оружје и дека се здобил со тешка телесна повреда.
Здравко Мамиќ бил во приватна посета во Томиславград, каде што во овој период секоја година оди на годишнина од смртта на татко му, пишува во соопштението на клубот Динамо.

Најнови вести