Корисничко име Лозинка Пријави се
27.9.2016

Лига на шампиони: Реал против Борусија, Јувентус во Загреб

Првото од трите шпанско-германски дербија во второто коло од Лигата на шампионите ќе биде одиграно во Дортмунд, меѓу домаќинот Борусија и актуелниот шампион Реал Мадрид.

Можеби дуелот којшто се игра утре меѓу Атлетико Мадрид и Баерн Минхен е посилен на хартија, но дуелот пред 80.000 луѓе на „Вестфален“ сигурно ќе биде пожесток, поемотивен, а многу веројатно и поефикасен. 
Реал во Дортмун доаѓа по ремито од 2-2 против Лас Палмас, со навредениот Кристијано Роналдо по измената во тој натпревар, без повредените Бразилци Марсел и Каземиро, но со закрепнатиот Фабио Куентрао.
Од друга страна, Дортмунд врза неколку победи, во петокот го совлада Фрајбург со 3-1 и со многу оптимизам ги дочекува Мадриѓаните. Посебен мотив ќе има Пјер-Емерик Обамејанг, одличниот голгетер кој долго време е цел на големите клубови, но сака, барем така изјави, само во Реал.
Тотенхем гостува кај ЦСКА Москва, Лестер оди во Порто, Севилја го чека Лион, а Динамо од Загреб ќе го дочека Јувентус.
Сите натпревари се играат во стандардниот термин од 20.45 часот.

Најнови вести