Корисничко име Лозинка Пријави се
25.8.2016

Ждрепка за Лигата на шампионите: Лестер во првиот шешир, Динамо во четвртиот

Во 18 часот во Монако ќе се одржи ждрепката за составот на групите на Лигата на шампионите во сезоната 2016/17 година.

Титулата ја брани Реал Мадрид, кој поради тоа се наоѓа во првиот, најсилен шешир, покрај шампионите на седумте најдобро рангирани европски лиги: најголемиот ривал Барселона, великаните на Германија и Италија, Баерн Минхен и Јувентус, потоа Бенфика, ПСЖ, ЦСКА, како и неочекуваниот шампион на Англија, Лестер.
Во вториот шешир се: Атлетико Мадрид, Борусија Дортмунд, Арсенал, Манчестер сити, Порто, Севилја, Наполи и Баер Леверкузен.
Во преостанатите два шешири се тимовите со малку послаб ранг и репутација, но меѓу нив се истакнуваат: Тотенхем, Лион, Спортинг, Селтик, Монако, Бешикташ.
Во иста група не може да бидат екипи од иста земја, УЕФА ги раздели и клубовите од Русија и Украина, а во текот на вечерта ќе биде прогласен најдобриот фудбалер на Европа за минатата сезона.
Првото коло од Лигата на шампионите на програмата е на 13-ти и 14-ти септември, второто се игра на 27-ми и 28-ми, третото на 18-ти и 19-ти октомври, четвртото на први и втори ноември, петтото на 22-ри и 23-ти, а последното, шесто на шести и седми декември.
Во нокаут-фазата ќе се пласираат по два најдобри тима од сите осум групи, ждрепката ќе биде на 12-ти декември, а првите натпревари на средината на февруари 2017 година.
Финалето на Лигата на шампионите за сезоната 2016/17 е на трети јуни следната година, на стадионот „Милениум“ во Кардиф.
Лига на шампиони, шешири за ждрепката:
Шешир 1: Реал Мадрид (Шпанија), Барселона (Шпанија), Лестер (Англија), Баерн Минхен (Германија), Јувентус (Италија), Бенфика (Португалија), ПСЖ (Франција), ЦСКА (Русија).
Шешир 2: Атлетико Мадрид (Шпанија), Борусија Дортмунд (Германија), Арсенал (Англија), Манчестер сити (Англија), Севилја (Шпанија), Порто (Португалија), Наполи (Италија), Баер Леверкузен (Германија).
Шешир 3: Базел (Швајцарија), Тотенхем (Англија), Динамо Киев (Украина), Олимпик Лион (Франција), ПСВ Ајндховен (Холандија), Спортинг (Португалија), Клуб Бриж (Белгија), Менхенглдабах (Германија).
Шешир 4: Селтик (Шкотска), Монако (Франција), Бешикташ (Турција), Легија (Полска), Динамо Загреб (Хрватска), Лудогорец (Бугарија), Копенхаген (Данска), Ростов (Русија).

Најнови вести