Корисничко име Лозинка Пријави се
27.7.2016

ЛШ: Динамо сигурен, Ѕвезда со реми во Бугарија

Фудбалерите на Динамо Загреб и Шахтар Донецк остварија сигурни победи на свој терен во натпреварите од третото коло во квалификациите за Лигата на шампионите.

Динамо славеше против ДинамоТбилиси во престолнината на Хрватска со 2-0 и направи голем чекор кон плеј-офот.
Целата работа против Грузијците, „модрите“ ја завршија во првите 45 минути. Во 39-тата минута погоди Судани, а три минути подоцна Ќориќ го постави конечниот резултат.
Идентична победа оствари и Шахтар кој беше подобар од швајцарскиот Јанг бојс. Бернанд го постигна првиот гол во 27-та минута, а Селезнов во 15-та минута пред крајот погоди за веројатно мирен пат во Берн.
Српскиот шампион се враќа со реми 2-2 од Бугарија по дуелот со бугарскиот првак Лудогорец. Бугарите поведоа пред крајот на првото полувреме со голот на Кафу, „црвено-белите“ со головите на Катаи и Канга дојдоа до водство во второто полувреме, а Кесеру во 77-ата минута го постави конечниот резултат.
Одличен резултат оствари и Салцбург кој го победи Партизани во Тирана со 1-0 со голот на Соријано во 70-тата минута, а австрискиот тим не би требало да има проблеми да помине понатаму.
БАТЕ со минимален резултат од 1-0 го победи Дандалк, додека натпреварите Спарта- Стеауа, Ајакс – ПАОК, Ростов – Андерлехт и Плзен - Карабаг беа завршени без победник.
Влада Ивиќ оствари одличен резултат со ПАОК во Амстердам. Кампос им донесе предност на Грците во 27-та минута, а Долберг изедначи во 58-та.

Лига шампиони, трето коло квалификации:
БАТЕ Борисов – Дандалк 1-0
Лудогорец - Црвена ѕвезда 2-2
Спарта – Стеауа 1-1
Партизани – Салцбург 0-1
Плзен – Карабаг 0-0
Ростов - Андерлехт 2-2
Ајакс – ПАОК 1-1
Динамо – Динамо Тбилиси 2-0
Шахтар - Јанг бојс 2-0
Среда:
Астана - Селтик
Розенборг – АПОЕЛ
Астра - Копенхаген
Фенербахче - Монако
Тренчин - Легија
Олимпијакос – Хапоел Бер Шева

Најнови вести