Корисничко име Лозинка Пријави се
13.7.2017

Мамиќ го смени тренерот на Динамо два дена пред сезоната

Динамо од Загреб два дена пред почетокот на хрватското првенство, го смени тренерот Ивајло Петев и на негово место го постави Марио Цвитановиќ.

Здравко Мамиќ, првиот човек на Динамо Загреб, му врачи отказ на Петев поради лошата работа на подготовките во Словенија и лошата атмосфера во соблекувалната, бидејќи практично тој не зборува со клучните фудбалери Самир, Анте Ќориќ, Жуниор Фернандес.
На бугарскиот тренер му следува финансиска компензација бидејќи имаше договор до 2020 година со годишна плата од 250.000 евра.
Петев во Загреб стигна минатиот септември, екипата ја водеше на 35 натпревари, групната фаза на Лигата на шампионите ја заврши без бодови и без постигнат гол, додека Риека му ја зеде двојната круна во Хрватска и со тоа го остави Динамо без ниту еден трофеј прв пат по 11 години.
Фудбалерите на Динамо во сабота, против Истра го почнуваат походот за враќање на шампионската титула на Хрватска со тренерот кој досега го водеше вториот тим на „сините“.

Најнови вести