Корисничко име Лозинка Пријави се
29.9.2016

Петар Хубчев нов селектор на Бугарија

Фудбалскиот сојуз на Бугарија денес соопшти дека за нов селектор на репрезентацијата е именуван Петар Хубчев.

Извршниот одбор на Бугарскиот фудбалски сојуз едногласно одлучил на клупата на селекцијата Хубчев да го замени Ивајло Петев, кој би требало да го преземе Динамо од Загреб.
Хубчев ќе ја предводи Бугарија до крајот на квалификациите за Светското првенство 2018 година.
Тој на клупата на Бугарија ќе дебитира на седми октомври, на натпреварот против Франција, а три дена подоцна го очекува средбата против Шведска.
Бугарија квалификациите за светското првенство во Русија ги почна со тешката победа од 4-3 против Луксембург.

Најнови вести