Корисничко име Лозинка Пријави се
08.10.2013

Левски му даде отказ на Јокановиќ

Бугарскиот фудбалски клуб Левски го отпушти српскиот тренер Славиша Јокановиќ по малку повеќе од два месеци соработка.

Јокановиќ тимот од Софија го презеде на крајот на јули, дебитираше со пораз од Локомотив Пловдив (2-1), а во меѓувреме оствари шест победи, четири ремија и еден пораз.
По 12 кола во Лигата А на Бугарија, Левски се наоѓа на шестото место со 19 бодови, девет помалку од лидерот Лудогорец. Јокановиќ доби отказ по ремито со градскиот ривал Локомотив (0-0) минатиот викенд, и покрај претходната серија од четири победи во низа.
Нов тренер на Левски е Ивајло Петев, кој претходните две сезони беше шампион со Лудогорец, но летоска беше отпуштен.
Јокановиќ, кој во текот на играчката кариера настапуваше за Војводина, Партизан, Ла Коруња и Челзи меѓу останатите, тренерската ја почна во Партизан, со кого освои две двојни круни (2008 и 2009), а потоа беше шампион на Тајланд со Маунгтон јунајтед (2012).

Најнови вести