Корисничко име Лозинка Пријави се
15.8.2013

Левски отпушти четворица фудбалери

Управата на Левски од Софија отпушти четворица играчи поради неочекувано лошите партии во бугарското првенство.

Екипата која од клупата ја води Славиша Јокановиќ моментно се наоѓа на деветтото место на табелата, а во продолжението на сезоната нема да може да смета на Холанѓанецот Дастли Мулдер, на Бразилецот Рамон Лопес и на португалските фудбалери Кристовао Рамос и Жоао Силва.
„Тоа е моја одлука. Со овие играчи не можеме да ги оствариме нашите цели. Не ја искористија шансата што има ја даваме веќе два месеца и сега сме спремни за преговори со нови фудбалери“, изјави директорот на клубот од Софија, Наско Сираков.
Левски неодамна претрпе елиминација во квалификациите за Лигата на Европа од казахстанскиот претставник Иртиш од Павлодар, по што Јокановиќ на клупата на повеќекратниот шампион на Бугарија го замени Николај Митов.

Најнови вести