Корисничко име Лозинка Пријави се
09.10.2013

Скандал: Навивачите го соблекоа Петев на претставувањето

Во една од најбизарните прес-конференции одржани некогаш по повод претставување нов тренер, Ивајло Петев (38), новиот тренер на Левски од Софија, беше соблечен до половина од страна на бесните клупски навивачи.

Иако Петев се смета за многу квалитетен бугарски тренер откако го однесе Лудогорец до две последователни шампионски титули на Бугарија, навивачите на Левски сметаат дека тој е навивач на нивниот лут градски ривал ЦСКА.
Поради тоа, неколку непријателски настроени навивачи упаднаа на прес-конференцијата на стадионот „Георги Аспарухов“ викајќи: „Не си добредојден овде. Стани, соблечи го дресот и оди. Левски нема да игра под твое водство како тренер“.
Бидејќи обезбедувањето не било присутно, навивачите прво го соблекле дресот на Петев, а потоа го истуркале од просторијата во која се одржуваше конференцијата за новинарите.
Од клупската управа потоа порачаа дека Петев ќе остане тренер, но прашање е дали тоа го сака самиот тој по ваквиот инцидент.

Најнови вести