Корисничко име Лозинка Пријави се
23.10.2013

Иванковиќ доби отказ во Динамо, тимот ќе го води Мамиќ

Бранко Иванковиќ, досегашниот тренер на Динамо од Загреб, доби отказ, пренесоа хрватските медиуми.

Иванковиќ, кој Динамо го презеде пред помалку од два месеци и клубот го водеше само на осум натпревари, до крајот на полусезоната на клупата ќе го заменат спортскиот директор Зоран Мамиќ, братот на директорот на клубот Здравко Мамиќ, и помошните тренери Дамир Крзнар и Игор Цвитановиќ.
До смена на клупата на Динамо дојде само два дена пред натпреварот од третото коло на Лигата на Европа против ПСВ.
Во петте натпревари на хрватското првенство Динамо под водство на Иванковиќ ги победи Осиек и Риека, ремизираше со Задар, додека изгуби од Хајдук и Сплит.
Во Лигата на Европа Динамо е поразен од Черноморец и Лудогорец.
Медиумите во Хрватска потсетуваат дека ова е трет пат Иванковиќ да си оди од а Динамо, по двата мандати во периодот меѓу 2006 и 2008 година. Според нив, најблиску до клупата на хрватскиот шампион е поранешниот тренер на Лудогорец, Ивајло Петев, кој пред десетина дена си поднесе оставка од тренерската клупа на Левски откако на прес конференцијата за неговото назначување беше соблечен и избркан од навивачите на софискиот клуб.

Најнови вести