Корисничко име Лозинка Пријави се
07.4.2012

Левски доби нов тренер по десет дена

Бугарскиот Левски го именуваше Илијан Илиев за нов шеф на стручниот штаб, што е втора промена во тој клуб во изминативе десет дена.

Илиев, актуелниот тренер на Берое, потпиша тригодишен договор, а должноста ќе ја преземе налето, потврди претседателот Иво Тонев.
Именувањето на Илиев следуваше по ненадејниот отказ на Георги Иванов во четвртокот, само по девет дена на привремената тренерска позиција. Екипата во меѓувреме ќе ја водат помошните тренери.
Левски во моментов се наоѓа на петтото место на табелата од бугарскиот шампионат, со освоени 45 бодови од 22 натпревари и заостанува девет бодови зад лидерот и градски ривал ЦСКА Софија. Последната од дваесет и шесте освоени титули ја подигна во 2009 година.
Клубот од Софија во текот на оваа седмица се обидуваше да го ангажира Станимир Стоилов, поранешниот селектор на Бугарија, но не успеа да се договори.
Кон крајот на минатиот месец Николај Костов поднесе оставка по шокантниот пораз од аутсајдерот Минјор Перник.

Најнови вести