Корисничко име Лозинка Пријави се
26.6.2013

Ботев ја менува ЦСКА Софија во Лигата на Европа

Екипата на Ботев од Пловдив оваа сезона ќе игра на местото на трофејната ЦСКА во квалификациите за Лигата на Европа бидејќи клубот од Софија е во големи финансиски проблеми.

Ботев во првото коло од квалификациите за Лигата на Европа ќе игра против екипата на Астана од Казахстан.
„Сакаме да му се заблагодариме на Фудбалскиот сојуз на Бугарија кој многу ни помогна. Добро е што нашата земја сепак ќе има четири претставници во Европа. Нашите играчи се спремни, а навивачите се радуваат на она што нè чека“, изјави тренерот на Ботев, Станимир Стоилов.
ЦСКА Софија минатата сезона се пласира на третото место во првенството на Бугарија, но неодамна се откажа од натпреварувањето во Европа.

Најнови вести