Корисничко име Лозинка Пријави се
30.8.2018

Луксембург си дочека екипа во Лигата на Европа, Дуделанж се запиша во историјата

Дуделанж е првата екипа од Луксембург што ќе игра групна фаза во европските натпреварувања, а избраниците на Топмелер приредија подвиг со елиминација на романскиот првак Клуж

Со нова победа против романскиот првак Клуж, Дуделанж запиша историски пласман во Лигата на Европа.
Вечерва избраниците на германскиот стратег Топмелер повторно победија и во Романија со 3-2 и со вкупен резултат од 5-2 го елиминираа фаворитот Клуж. Дуделанж е првата екипа од Луксембург што ќе игра групна фаза во европските купови. На патот до настап во Лигата на Европа играчите на Дуделанж ја елиминираа и Легија од Варшава.

 

Најнови вести