18.8.2018 „Ѕверот“ се прошета кај гигантите Реал, Арсенал и Рома и потпиша за романски Клуж
Жулио Баптиста е претставен како големо засилување за романскиот шампион Клуж, на денешната промоција на популарниот „Ѕвер“
Жулио Баптиста имаше одлична кариера со настапи за гигантите Реал Мадрид, Арсенал, Рома, Севилја..., а кариерата на 36-годишна возраст ќе ја продолжи во Романија.
Корпулентниот напаѓач со маркантен прекар „Ѕверот“ ќе игра за романскиот првак Клуж. Во Романија пристигна од американскиот клуб Орландо, каде не блескаше и постигна смао 6 гола, но неговото минато ги подгрева надежите на навивачите на Клуж, дека клубот доби големо засилување.
Проблем за Баптиста е што нема играно фудбал година и пол, па прашање е каков ќе биде кам-бекот со толкава пауза и на 36-годишна возраст. Во минатото тој беше еден од најдобрите шпицови во Шпанија, а има и 47 настапи за бразилската репрезентација.