Корисничко име Лозинка Пријави се
31.10.2012

Пауло Сержио го презеде Клуж

Актуелниот романски шампион Клуж го ангажира Португалецот Пауло Сержио за нов тренер на местото на Јоан Андоне, кој минатата седмица договорно го напушти клубот.

Четириесет и четиригодишниот Сержио е 12-ти тренер на клупата на Клуж од 2004 година и втор Португалец откако Жорже Коста го напушти клубот во април оваа година.
Сержио досега беше ангажиран во Виторија Гимараис и Спортинг од Лисабон.
Клуж моментно е втор во групата Х на Лигата на шампионите, со една победа, пораз (од Манчестер јунајтед) и едно реми.
На Клуж слабо му оди во домашното првенство и моментно е седми со 19 бодови од 13 натпревари, а со 13 бодови заостанува зад водечката Стеауа.