Корисничко име Лозинка Пријави се
24.8.2012

Порто му го продаде Переира на Интер

Португалскиот шампион Порто потврди дека го продал својот лев бек Алваро Переира на Интер од Милано.

„Нероаѕурите“ ќе му платат на Порто 10 милиони евра оштета, а вкупната сума на трансферот може да стигне до 15 милиони евра во зависност од бројот на настапите и успесите на дваесет и шестгодишниот уругвајски фудбалер.
Переира на „Драгао“ пристигна пред три години од романскиот Клуж, а минатата сезона во португалското првенство имаше 23 настапи, на кои постигна еден гол и трипати асистираше. За репрезентацијата на Уругвај има одиграно 41 натпревар и пет пати се запишал во листата на стрелците.
Веста за трансферот во Милан дојде неколку часа откако Интер потврди дека од Наполи позајмил уште еден уругвајски репрезентативец, Валтер Гаргано.

Најнови вести