Корисничко име Лозинка Пријави се
07.10.2018

Бенфика по четири години го победи Порто

Домаќините дадоа еден гол и тој беше доволен за голема радост

Бенфика минимално со 1:0 славеше во големото португалско дерби против Порто и на тој начин се искачи на врвот на табелата. Со овие три бода, Бенфика има 17, два повеќе од Брага и Порто кои имаат по 15 бодови.
Дебито на стадионот „Луж“ беше решено во 62 минута, кога Харис Сеферовиќ донесе огромна радост за домашните навивачи. Во 82 минута Бенфика остана со играч помалку по исклучувањето на Лема, но Порто не успеа да ја искористи бројчаната предност, а домаќините ја сочуваа позитивата од еден гол.
За Бенфика ова е прва победа против Порто по пауза од речиси четири години. Последен пат се имаа радувано во декември 2014 година, а потоа поминаа седум средби во кои Бенфика немаше победа. Сега и таа лоша низа е прекината, а Бенфика покрај славјето за победата, може да се радува и за првото место на табелата.

Најнови вести