Корисничко име Лозинка Пријави се
25.8.2018

Спортинг и Ристовски испуштија победа против Бенфика

Градското дерби на Лисабон заврши 1:1

Стефан Ристовски го одигра целиот меч за Спортинг и може да жали што не се радуваше во градското дерби против Бенфика. Битката за Лисабон заврши без победник, откако по 90 минути на семафорот стоеше резултатот 1:1. Нашиот репрезентативец заработи жолт картон во 23 минута.
Спортинг беше многу поблиску до победата. Гостите ги делеа само неколку минути за да може да слават на теренот на ривалот. Некогашната ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Нани беше прецизен од пенал во 64 минута и донесе предност од 1:0 за Спортинг. 
Водството на гостите беше се до 86 минута, кога Бенфика сепак успеа да израмни. По асистенција на Силва, Жоао Феликс ја затресе мрежата на гостите за 1:1.
По ова реми, двете екипи сега имаат по 7 бода од три меча, а Порто вечер ќе има шанса со победа над Гимараеш да биде лидер со максимални девет бодови.

 

Најнови вести