Корисничко име Лозинка Пријави се
05.8.2018

Стефан Ристовски и Спортинг во чест на петте виолини во атак на неверојатен подвиг

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски со Спортинг Лисабон ќе играат за неверојатен подвиг и седми трофеј по ред, на еднодневниот турнир во Лисабон, денеска против Емполи

Популарниот трофеј „Cinco Violinos“ постојано е во витрините на домаќинот и организатор на турнирот и во досегашните шест изданија Спортинг секогаш го освојувал пехарот.
Се игра во чест на петте легендарни фудбалски „виолини“ на клубот, Кореа, Васкез, Албано, Пејротео и Травасос.
Во претходните шест изданија Спортинг во битка за трофејот ги победуваше екипите на Олимпијакос, Фиорентина двапати, Лацио, Рома и Волфсбург и се уше е без пораз, со сите шест пехари во својата колекција.
Дуелот со Емполи се игра вечерва од 20 часот на стадионот „Жозе Алваладе“ во Лисабон.  

 

Најнови вести