Корисничко име Лозинка Пријави се
18.8.2018

Ристовски повторно стартер во нова победа за Спортинг

Македонскиот бек одигра цели 90 минути против Сетубал, Нани двоен стрелец за нови три бода во португалскиот шампионат

Спортинг Лисабон обезбеди нов триумф во португалското првенство, овој пат пред своја публика славеше со 2-1 против Сетубал. Нани беше двоен стрелец (9-та, 66-та минута) за домаќините, додека Зекиња во 19-тата минута до постигна единствениот гол за Сетубал.

Македонскиот репрезентативец, Стефан Ристовски и на овој меч беше стартер, бекот ги одигра сите 90 минути, што покажува дека Хосе Песерио има голема доверба во нашиот интернационалец.


 

Најнови вести