Корисничко име Лозинка Пријави се
04.9.2018

Ристовски: Не бегаме од фаворитската улога

Бекот на „црвено-жолтите“ не го потценува Гибралтар, но смета дека квалитетот е на наша страна

Македонската сениорска репрезентација в четврток вечерта, на стадионот „Викторија“ во Гибралтар ги отвора натпреварите од Лигата на нациите, а на деветти септември го играме првиот домашен натпревар против Ерменија на националната арена „Филип Втори“ во Скопје. 
„Лигата на нациите е нова шанса за сите нас. Се подготвуваме долго време, веќе неколку години сме заедно во репрезентацијата и одлично се познаваме. Денешниот фудбал не дозволува опуштање, фаворити сме против Гибралтар, но мораме тоа да го потврдиме на натпреварот в четврток. Не бегаме од фаворитската улога и ќе го покажеме тоа на теренот. Голем дел од нашите репрезентативци играат во одлични клубови, стандардни се во своите екипи и се надевам дека тоа ќе го пренесеме и низ натпреварите во Лигата на нациите“, вели десниот бек на Спортинг Лисабон, Стефан Ристовски. 
Покрај Гибралтар и Ерменија, во групата со Македонија во новото натпреварување е и Лихтенштајн. 

 

Најнови вести