Корисничко име Лозинка Пријави се
01.9.2018

Ристовски асистира, Спортинг победува

Стефан Ристовски беше клуч на успехот на Спортинг Лисабон и со асистенција до стрелецот Кабрал учествуваше во победничкиот гол против Феиренсе

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски реагираше мајсторски во вистински момент, во финишот на мечот и со асистенција му помогна на Жован Кабрал да го постигне дебитантскиот и победнички гол за Спортинг против Феиренсе. Во 88. минута нашиот репрезентативец упати прецизен центаршут, Кабрал само рутински со лизгачки старт ја внесе топката во мрежата на гостите, за победа на Спортинг од 1:0.
За Ристовски ова е втора асистенција во досегашните 4 кола во португалското првенство, а Спортинг со победата вечерва се израмни со Брага на врвот на табелата. Двете екипи имаат по 10 бодови. Десниот бек на „лавовите“ од Лисабон и на мечот со Мореиренсе во второто коло беше асистент за првиот гол на Спортинг при победата од 3:1.

 

Најнови вести