Корисничко име Лозинка Пријави се
18.6.2018

Михајловиќ сепак го презема Спортинг Лисабон

Српскиот стручњак Синиша Михајловиќ има нова работа, јавуваат медиумите во Португалија.

Некогашниот селектор на репрезентацијата на Србија ќе ја преземе клупата на Спортинг, иако првобитно не успеа да постигне договор со челниците на клубот од Лисабон бидејќи му нуделе помала плата од онаа што ја барал.
Која страна попуштила, не се знае, но медиумите од таа земја јавуваат дека договорот сепак е постигнат и дека српскиот стручњак во текот на денешниот ден ќе го потпише.
Пред Михајловиќ стои тешка задача бидејќи клубот се наоѓа во хаос. Хулиганите ги нападнаа играчите, а некои изјавија дека зад целиот напад стои управата на клубот, па неколку фудбалери побарале раскинување на договорот. Тие се надеваат дека поради инцидентот ќе може да ги добијат документите и да го напуштат клубот, од којшто порачуваат дека сето тоа е дело на итриот менаџер Жорж Мендеш, кој лесно би им нашол нови ангажмани.
Во таква атмосфера сигурно не е лесно да се работи, но од друга страна, таквата ситуација му е позната на Михајловиќ со оглед на тоа дека секогаш преземал тимови во најтешките моменти.

Најнови вести