Корисничко име Лозинка Пријави се
01.11.2017

Ристовски одличен во ремито против Јувентус

Стефан Ристовски, македонскиот репрезентативец и играч на Спортинг, одигра фантастична партија во дресот на клубот од Лисабон, кој ремизираше 1-1 против Јувентус.

Поради повредата на Пичини, Жорж Жесус, тренерот на португалскиот клуб, му даде шанса на Стефан Ристовски уште од првата минута, а тој одлично ја искористи.
Ристовски одигра искусно и сигурно на теренот, ги одби сите играчи на одбраната на Јувентус и одзеде неколку клучни топки од Марио Манџукиќ, за што доби многу овации од навивачите.
Македонскиот репрезентативец беше еден од најдобрите играчи на теренот и покажа дека заслужува место во стартниот тим на Спортинг Лисабон. Во 91-вата минута од средбата мораше да го напушти теренот поради мала повреда или грч на ногата.
Спортинг Лисабон поведе со голот на Цезар во 20-тата минута и имаше водство до десет минути пред крајот на натпреварот, кога Игуаин го изедначи на 1-1 и со тоа го постави конечниот резултат.

Најнови вести