Корисничко име Лозинка Пријави се
05.10.2017

ФИФА го одби Лестер и по втор пат, ништо од Силва

Меѓународната фудбалска федерација повторно го одби барањето на Лестер да потпише договор со Адриен Силва, играчот на Спортинг од Лисабон.

Лестер во последните моменти од преодниот рок, на 31-ви август, се обиде да го доведе Силва од Спортинг како замена за Дени Дринквотер, кој направи трансфер во Челзи.
Лестер плати 22 милиони фунти за Силва, конечниот договор беше постигнат пред завршувањето на преодниот рок, но работата околу неговото регистрирање не беше завршена навреме, Лестер задоцни 14 секунди.
Фудбалскиот сојуз на Англија и Лестер тогаш беа известени дека рокот е поминат, па ФИФА на шести септември го одби барањето на Лестер да се регистрира трансферот, а вчера потврди дека трансферот е пропаднат.
„Ја потврдуваме одлуката на судијата на комитетот за статусот на играчот: барањето за издавање меѓународен сертификат за трансфер на играчот Адриен Силва и потоа за регистрирање на играчот за Лестер е одбиено“, се наведува во соопштението на ФИФА.
„Скај“ објави дека во Лестер биле изнервирани поради доцнењето на документацијата за трансферот, но дека документите се потпишани само неколку минути по пристигнувањето.
Управата на Лестер е уверена дека документацијата е испратена пред истекувањето на преодниот рок, со тоа што ФИФА одобрила продолжување на рокот на уште еден час за меѓународните трансфери.
Но системот за усогласување на трансферите, кој ги поврзува клубовите со Фудбалскиот сојуз на Англија, со другите управни тела на Светската куќа на фудбалот, покажал дека документацијата пристигнала со задоцнување, па Силва нема да направи трансфер во Лестер.
Силва одигра 136 првенствени натпревари за Спортинг и постигна 32 гола, а со репрезентацијата на Португалија минатото лето го освои Европското првенство.

Најнови вести