Корисничко име Лозинка Пријави се
01.2.2018

Од Спортинг во Рома – Силва во Серија А

Аргентинскиот фудбалер Хонатан Силва до крајот на сезоната ќе игра во Рома како играч на заем од Спортинг Лисабон, соопшти италијанскиот клуб.

Како што се наведува, Рома на крајот на сезоната ќе има можност да го откупи договорот.
„Многу сум среќен што дојдов во Рома, за мене ова е неверојатно чувство. Многу сум мотивиран, сакам да дадам свој придонес во оваа одлична група играчи“, изјави Аргентинецот.
Силва за Спортинг одигра вкупно 43 натпревари од 2014 година, а мината сезона ја помина на заем во Бока јуниорс.

Најнови вести