Корисничко име Лозинка Пријави се
16.5.2018

Навивачите на Спортинг ги нападнаа играчите

Група навивачи на Спортинг упаднаа во центарот за тренинг на клубот и ги нападнаа играчите и членовите на стручниот штаб, пренесоа португалските медиуми.

Спортинг го осуди инцидентот, нарекувајќи го „акт на вандализам“.
Португалската телевизија РТП наведе дека околу 50 хулигани го прекинале тренингот на екипата и ги нападнале играчите и членовите на стручниот штаб. Тие, исто така, ја демолирале соблекувалната.
Спортинг во последното коло на португалскиот шампионат изгуби од Маритимо и поради тој пораз го изгуби второто место на табелата, местото кое води во квалификациите за Лигата на шампионите.
Екипата моментно се подготвува за финалето на Купот на Португалија против Авеш. Тој натпревар на програмата е во недела.

Најнови вести