Корисничко име Лозинка Пријави се
15.9.2016

Роналдо: Спортинг е во моето срце

Кристијано Роналдо, фудбалерот на Реал Мадрид, изјави дека не можел да го слави голот кој го постигна во натпреварот со Спортинг од Лисабон.

Роналдо погоди од слободен удар на една минута до крајот на натпреварот, а Мората во 95-тата минута го комплетираше пресвртот за 2-1.
„Играв против тимот во којшто го изучив занаетот – Спортинг има посебно место во моето срце, многу ги почитувам и поради тоа не можев да славам“, изјави 31-годишниот Португалец.
Реал создаде многу шанси, но дури во финишот успеа да направи пресврт во резултатот.
„Бевме по малку рамнодушни на почетокот, но тоа е фудбалот, тоа е Реал и пресвртите се дел од овој митски стадион. Овој натпревар ни е предупредување дека не можеме толку лошо да стартуваме бидејќи во тој случај противниците ќе се извлечат под нас. Го сакаме првото место“, додаде Роналдо.
Во другиот натпревар од групата Ф, Борусија Дортмунд ја декласираше Легија во Варшава со 6-0.

 

Најнови вести