Корисничко име Лозинка Пријави се
07.8.2018

Черви му го расипа моментот за паметење на Елмас, Бенфика го победи Фенербахче со 1:0

Македонскиот фудбалски бисер, Елиф Елмас го одигра првиот меч за Фенербахче на големата сцена, во квалификациско коло за настап во Лигата на шампионите, а турскиот првак загуби од Бенфика во Лисабон со 1:0

Елиф Елмас за првпат беше стартер за Фенербахче во меч од европските купови, а моментот за паметење на 18-годишниот македонски репрезентативец му го подрасипа Франко Черви со победнички гол за Бенфика. Популарните „орли“ од Лисабон славеа со 1:0, во првиот квалификациски меч од третата рунда за пласман во фазата по групи во ЛШ.
Елмас одигра солидно, остана во игра цел меч, а тој и соиграчите имаат шанса за реванш, иако негативата од 0:1 е незгодна. Вториот дуел што ќе одлучи која екипа ќе презими во Европа ќе се игра во Истанбул на 14. август. Победникот ќе игра во плејофот за настап во ЛШ, а елиминираната екипа ќе игра во истата фаза, но за пласман во Европа Лигата. 
Останати резултати, трето квалификациско коло:
Астана – Динамо Загреб 0:2, Карабах – Бате Борисов 0:1, Славија Прага – Динамо Киев 1:1, Малме – Мол Види 1:1, Стандард – Ајакс 2:2, Црвена Звезда – Спартак Трнава 1:1.

 

Најнови вести