Корисничко име Лозинка Пријави се
20.4.2018

Прекинато турското дерби во Купот, тренерот погоден во глава

Реванш-натпреварот од полуфиналето на Купот на Турција меѓу Фенербахче и Бешикташ синоќа беше прекинат во 56-тата минута.

Натпреварот беше прекинат откако Шенол Ѓунеш, тренерот на гостинската екипа, беше погоден со тврд предмет во главата.
По инцидентот, дојде до судири на теренот, каде што мораше да интервенира и полицијата, па главниот судија и фудбалерите на Бешикташ со помош на полицијата беа внесени во соблекувалната.
По половина час чекање, натпреварот беше и официјално прекинат.
Во моментот кога се случи инцидентот, резултатот беше 0-0, а Бешикташ имаше играч помалку поради исклучувањето на Пепе.
Првиот натпревар меѓу Бешикташ и Фенербахче беше завршен нерешено 2-2.

 

Најнови вести