Корисничко име Лозинка Пријави се
25.8.2018

Коку го фали Елмас: Елиф е фудбалски бисер со прекрасна перспектива

Филип Коку има голема доверба во талентот и квалитетот на Елиф Елмас и за него вели дека е еден од најголемите фудбалски бисери што досега ги видел

Холандскиот тренер, Филип Коку со многу комплименти ги пофали квалитетот и талентот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Коку од оваа сезона му е тренер на Елиф во Фенербахче и засега максимално му дава шанса да игра.
„Елиф е еден од најголемите фудбалски таленти што сум ги видел. И што е најважно има огромна желба за напредок. Сака да учи, секогаш ги прифаќа сугестиите како да ја подобри играта и според мене го чека убава фудбалска иднина“, изјави Коку за турскиот „Милиет“.
Холандскиот стратег ја истакна и универзалноста на Елмас, момче кое има само 18 години, а веќе игра стандардно за турскиот гигант Фенербахче.
Многу комплименти за настапите на Елмас во двомечот со Бенфика имаше и од турските новинари, кои истакнуваа дека македонскиот репрезентативец бил еден од најдобрите на теренот кај Фенербахче и во Лисабон и во Истанбул, на реванш дуелот од квалификациите за настап во ЛШ. Фенер не успеа, ќе игра во Европа Лигата, но Елмас се наметна како еден од најголемите таленти во Европа во моментов. За него се интересираат и гигантите Манчестер јунајтед, Манчестер сити, а понуда за трансфер имаше и од Лион.

 

Најнови вести