Корисничко име Лозинка Пријави се
09.9.2017

Сепак ништо од Коста, Винсент Јансен во Истанбул

Холандскиот напаѓач Винсент Јансен ќе помине една година на заем во Фенербахче, потврди клубот од Истанбул.

Фенербахче првобитно сакаше да го доведе Диего Коста, напаѓачот на Челзи, но на крајот мораше да се одлучи за пореално решение од Лондон.
Јансен не беше во плановите на менаџерот Маурисио Покетино, дури не беше сместен ниту во списокот од 25 играчи на Тотенхем за настапот во Лигата на шампионите, па заминувањето беше логичен потег.
Дваесет и тригодишниот напаѓач вчера стигна во Истанбул, на последниот ден од преодниот рок во Турција.
Јансен минатото лето направи трансфер на „Вајт харт лејн“ како најдобар стрелец на холандската Ередивизие, но не ги оправда очекувањата бидејќи даде само два гола на 24 натпревари во Премиер лигата.

Најнови вести