Корисничко име Лозинка Пријави се
07.8.2018

Меч на денот – Елиф Елмас ќе „светне“ на стадионот на светлината во Лисабон

Бенфика и Фенербахче вечерва од 21 часот го играат најинтересниот меч од квалификациите за Лигата на шампиони

Македонскиот млад репрезентативец, Елиф Елмас, со својот клуб Фенербахче, има прилика за првпат во кариерата да заигра во групна фаза од Лигата на шампиони, а првиот голем чекор кон таа цел, ќе биде тимот да извлече поволен резултат на вечерашното тешко гостување кај Бенфика на стадионот „Луж“. 
Дуелот на Бенфика и Фенер е дерби на денот во третото квалификациско коло од ЛШ, и двата тима имаат свои сметки со каков резултат сакаат да заминат на реваншот во Истанбул. 
Португалскиот клуб е поранешен европски првак, но тоа е далечно минато. Сепак, тимот од Лисабон речиси редовно е учесник во групите од ЛШ, па на Елмас и другарите нема да им биде лесно. Овие два клуба за последен пат се сретнале пред шест сезони, тогаш во мечеви од Лига Европа. Фенер дома победи со 1:0, но Бенфика го надомести тоа со триумф од 3:1. 
Двата состави ќе бидат речиси комплетни, нема да им фалат некои од најважните фудбалери и тоа е добра вест за тренерите. Подобриот од овој двомеч, во баражот за место во групите од ЛШ ќе игра со подобриот од битката на Спартак Москва и ПАОК. 
Домашната Бенфика е фаворит на хартија, во нашата понуда, коефициентот за „кец“ е 1.60. За реми квотата е 3.60, додека за победа на гостите, коефициентот е 6.25, и примамлив за тие што сакаат да се обидат да бркаат изненадување. 

Најнови вести