Корисничко име Лозинка Пријави се
23.6.2018

Коку нов тренер на Фенербахче, Ван Бомел го менува во ПСВ

По шампионската сезона во ПСВ, Филип Коку ќе се пресели во Турција, и тоа на клупата на еден од најголемите тамошни тимови, Фенербахче.

Коку потпиша со Фенербахче до 2021 по петте години поминати во ПСВ од Ајндховен. За тоа време освои три шампионски титули, и тоа, секако, е референцата која го препорача кај челниците на амбициозниот турски клуб.
Ниту ПСВ не чекаше долго. Се сврти кон уште еден поранеше играч, Марк ван Бомел, кој моментно е на Светското првенство во Русија како помошник на Берт ван Марвек, селекторот на Австралија, кому му е зет.

Најнови вести