Корисничко име Лозинка Пријави се
21.8.2018

„Сината ѕвезда“ не ги прободе „биковите“

Сините дресови не ѝ донесоа среќа на белградска Црвена ѕвезда, но ниту Салцбург не се прослави

Црвена ѕвезда и Ред Бул одиграа 0-0 и реваншот во Салцбург ќе го одлучи патникот во групната фаза од Лигата на шампионите. Вечерашниот дуел на „Рајко Митиќ“ се одигра без присуство на публика и во таа тивка атмосфера, екипите одиграа бледо прво полувреме. Во вториот дел, домашните имаа неколку убави шанси, но не ги искористија. 

Кога два клуба имаат исти или слични бои на дресовите, обично домашниот тим игра во своите најпрепознатливи дресови, а гостинот со втората или третата комбинација, но вечерва не беше така и Црвена ѕвезда имаше дресови, чорапи и гаќички со многу малку црвена и цела боја. 

Ѕвезда не играла европски натпревар со сини дресови цели 60 години. Последен пат тоа се случи во далечната 1958 година, кога одиграа 3-3 против Манчестер јунајтед, дуел кој се играше на стадионот на вечниот ривал Партизан. 

ПСВ Ајндховен со 3-2 славеше на гостувањето кај БАТЕ Борисов. Белорусите во 88-мата минута, со погодокот на ветеранот Хлеб израмнија на 2-2 и мислеа дека избегнаа пораз, но само што тргнаа од центарот, во првата акција гостите погодија за 3-2, кои ги носат на чекор од целта. 

Групната фаза од Лигата на шампионите може да дојде на 220 километри јужно од Скопје. ПАОК извлече 1-1 на гостувањето кај Бенфика и по една недела, на свој терен во Солун ќе се обиде да ја зачува предноста. 

 

Најнови вести