Корисничко име Лозинка Пријави се
14.8.2018

ПАОК на чекор до историја

Грчкиот фудбалски клуб ПАОК се пласира во плејоф фазата за пласман во Лигата на шампионите и е на еден чекор до историја

ПАОК успеа да го елиминира Спартак Москва со вкупен резултат 3:2, откако вечерва одигра без голови во реваншот во Русија и ќе има шанса за првпат да се пласира во фазата по групи во Лигата на шампионите. Избраниците на Разван Луческу издржаа во реваншот и во меч без голови ги одбранија стартните 3:2 од првиот дуел во Солун. ПАОК досега нема настап во ЛШ, а последна пречка ќе им биде подобриот од двомечот меѓу Фенербахче и Бенфика. На прагот на настап во плејоф фазата е и АЕК од Атина, екипа која има предност од 2:0 во финишот на реванш дуелот со Селтик.
Во плејофот веќе се пласираа Динамо Киев со триумф од 2:0 против Славија Прага (вкупни 3:1) и Бате Борисов, екипа која го елиминира Карабах со вкупен резултат 2:1, откако вечерва одигра 1:1 вечерва во реваншот во Борисов.

 

Најнови вести