Корисничко име Лозинка Пријави се
29.8.2018

Меч на денот – „Орлите“ на Бенфика сонуваат мирен лет над „Тумба“ против ПАОК

Грчкиот вицешампион ПАОК има историска шанса да се пласира во Лигата на шампионите, но „црно-белите“ ќе мора да најдат успешен рецепт за фаворизираната Бенфика

На популарната „Тумба“, како што се нарекува стадионот на ПАОК, вечерва ќе има жешка атмосфера, а грчкиот вицешампион ќе ја бие најзначајната битка во 2018 година, за пласман во Лигата на шампионите.
Мисијата е тешка, гостин во Солун е двојниот европски првак Бенфика, а резултатот од првиот меч, 1-1, им дава речиси подеднакви шанси на двете екипи.
Бенфика има многу поголем рејтинг во Европа, има две титули шампион на Стариот Континент од вкупно пет финалиња и е фаворит и во реваншот. Популарните „орли“ од Лисабон сонуваат за мирен лет над „Тумба“ вечерва од 21 часот.
За неполни два часа потоа ќе се знае дали Португалците по деветти пат во серија ќе играат во фазата по групи во Лигата на шампионите. Подвиг што ги става во редот на најконстантните екипи, според бројот на учества во најлуксузното клупско европско натпреварување во Европа. И што е многу интересно, првиот меч во Лисабон беше прв меѓусебен на двете екипи во квалификации за ЛШ. Претходно имаат играно четири пати во УЕФА купот, или како што сега се нарекува Лигата на Европа, и Бенфика има подобар биланс. Победија трипати и имаат само еден пораз од ПАОК.
Сепак, ова е малку поинаков дуел, со многу поголем влог. ПАОК со поддршка на френетичните навивачи повторно ќе се обиде да ја изненади Бенфика и за првпат да игра во фазата по групи во ЛШ.
Победата на домаќините во нашите обложувалници е со коефициент 3,05, ремито е со највисока квота 3,15, а победа на Бенфика ќе ви го помножи влогот со коефициент 2,40.

 

Најнови вести