Корисничко име Лозинка Пријави се
21.5.2018

Реал во Белград до десеттиот трофеј на Евролигата

Кошаркарите на Реал Мадрид во финалето на завршниот турнир на Евролигата го победија Фенербахче во белградската „Штарк арена“ со 85:80 и по десетти пат во историјата го освоија највредниот трофеј.

Кралскиот клуб по втор пат во последните четири години стигна до врвот на Европа со победата против сега поранешниот владетел на Стариот Континент.
Ученикот Пабло Ласо беше подобар од учителот Жељко Обрадовиќ, кој остана на девет трофеи во Евролигата, а интересно е тоа што ниту еднаш со ист клуб не успеа да ја одбрани титулата.
Екипата од Истанбул подобро го почна натпреварот благодарение на Никола Калиниќ и на Ахмет Дувериоглу, но од моментот кога Мадриѓаните воспоставија контрола, сè тргна на нивна страна.
Најефикасни во победничката екипа беа Фабиен Козер со 17 поени, Лука Дончиќ постигна 15 поени (2/4 за два, 1/4 за три, 8/10 слободни фрлања), три скока и четири асистенции за 29 минути, Треј Томпкинс десет, Џејси Керол девет, Валтер Таврес осум... Реал тројки постигна 9/21, а имаше и четири скока повеќе од ривалот.
Најрасположен во тимот од Истанбул беше Николо Мели со 28 поени (4/6 за три) и шест скока, потоа Бред Вонамејкер со 14 поени, пет скока и асистенција, Дувериоглу постигна осум, додека Никола Калиниќ седум поени (2/5 за два, 1/3 за три), три скока и асистенција за 20 минути.
Третото место го освои Жалгирис, кој во одлично одиграниот натпревар беше подобар од ЦСКА.

Најнови вести