Корисничко име Лозинка Пријави се
07.9.2017

Диего Коста пред заем во Фенербахче

Диего Коста, напаѓачот на Челзи, би можело да отиде на заем во Фенербахче, пренесуваат повеќе турски медиуми.

Клубот од Истанбул е подготвен да издвои пет милиони евра за плата на шпанскиот репрезентативец Диего Коста и во финишот на преодниот рок да го доведе во Турција.
Планот е 28-годишниот фудбалер шест месеци или цела сезона да помине во Фенербахче откако Антонио Конте, менаџерот на Челзи, го пречкрта.
Диего Коста бидејќи не најде клуб во текот на летото, почна да тренира со останатите првотимци на Челзи, но и понатаму и двете страни се со намера да си оди.
Тој инсистираше да се врати во Атлетико, од каде што пред три години направи трансфер во Челзи, но клубот од Мадрид до јануари 2018 година има забрана од ФИФА за регистрирање нови играчи.

 

Најнови вести