Корисничко име Лозинка Пријави се
14.8.2018

Турски гигант се интересира за киксерот Кариус

Преселбата од Ливерпул во Истанбул може да биде и на позајмица

Бешикташ е заинтересиран за услугите на германскиот голман Лорис Кариус, кој во светот на фудбалот „се прослави“ со двете катастрофални грешки во финалето на Лигата на шампионите и со тие два смешно примени голови му подари победа на Реал Мадрид против Ливерпул.

Англискиот клуб летово го одврза ќесето и на голманската позиција го донесе Бразилецот Алисон Бекер, кој дојде од Рома, и на Кариус веднаш му стана јасно дека ако остане во Ливерпул, сезонава најчесто ќе грее клупа. Фановите на Ливерпул му простија за грешките, неодамна на „Енфилд“ го наградија Кариус со аплауз, но доколку дојде добра понуда за него, веројатно клубот ќе прифати да се откаже од неговите услуги.

Според турските медиуми, Бешикташ е сериозно заинтересиран да го донесе Кариус меѓу стативите, а опциите се да го откупи целосно или да го добие на позајмица од една сезона. Во моментов прв голман на „црно-белите“ од Истанбул е 34-годишниот Толга Зенгин, а нивните резерви се анонимни турски чувари на мрежата, па сакаат да ја засилат конкуренцијата.

Најнови вести