Корисничко име Лозинка Пријави се
23.8.2018

Меч на денот: На „ЈНА“, сè ќе биде црно-бело

Партизан и Бешикташ ќе бидат голема борба, а и коефициентите се „тука некаде“

Ако се суди според коефициентите во нашата понуда, најнеизвесен од вечерашните натпревари од баражот за влез во групите од Лигата Европа треба да биде дуелот во Белград, помеѓу Партизан и Бешикташ. Почнувајќи од 20.30 часот, на стадионот на Партизан, познат како „ЈНА“, ќе доминираат црната и белата боја, по кои се препознатливи двата клуба.

Белградските и истанбулските „црно-бели“ двобој имаа и пред четири години, кога Турците беа многу поуспешни и славеа со 2-1 како домаќини, а дури 4-0 како гости. Сега Партизан сака да се реваншира и по деветти пат во последните десет години да ја дочека европската фудбалска есен. 

Според имињата на играчите, Бешикташ е многу посилен, главни ѕвезди се Португалците Пепе и Рикардо Кварезма, тука се Домагој Вида и Вагнер Лав, но во Белград дојдоа без Алваро Негредо, Рајан Бабел и Џермејн Ленс. Негредо беше човекот чиј гол го донесе Бешикташ во оваа фаза, но потоа беше исклучен и затоа не е во комбинација. 

УЕФА реши овој меч да го окарактеризира како натпревар од висок ризик, па затоа во Белград ќе нема гостински навивачи. Партизан има добра серија летово во евронастапите, но тестот против Бешикташ треба да покаже дали се зрели за големи нешта.

Играчите на Партизан и Бешикташ, кои се во комбинација за настап, заедно имаат освоено дури 216 пехари. Од тие, 92 освоиле фудбалери на Партизан, а 124 тие на турскиот тим. Ако се сметаа пехарите и на повредените и суспендираните, бројката е импресивни 252 пехари. 

Бешикташ има низа од 19 меча по ред на кои дава барем еден гол, а веќе на седум средби едноподруго не знае за реми, или победува, или губи. Коефициентот за победа на Бешикташ е 2.50. Триумф на Партизан е 2.88, а за нерешено е 3.05. 

 

Најнови вести