Корисничко име Лозинка Пријави се
07.6.2018

Мурињо: Го доведовме најдобриот млад бек на Европа

Жозе Мурињо, тренерот на Манчестер јунајтед, изјави дека Диого Далот, најдобриот млад бек на Европа, е нов играч на неговата екипа.

Досегашниот дефанзивен играч на Порто, 19-годишниот Далот потпишал петгодишен договор со Манчестер јунајтед вреден 19 милиони фунти.
Тој играше за репрезентацијата на Португалија на возраст од 15 до 21 година, а за сениорскиот тим на Порто дебитираше во октомври минатата година.
„Меѓу врсниците, тој е најдобриот бек во Европа. Исклучително е талентиран и млад одбранбен играч и има квалитет набрзо да стане голем играч на нашиот клуб“, изјави Мурињо, а пренесе Би-би-си.
Далот ги помина сите клупски селекции на Порто, а играше и во натпреварот против Ливерпул (0-0) во март, во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите.
Не можев да ја одбијам шансата и да потпишам за најголемиот клуб на светот“, изјави Далот.
Тој за место во тимот ќе се бори со капитенот Антонио Валенсија.
Далот е второ засилување на Јунајтед во летниот преоден рок, откако во вторникот во клубот дојде Фред од Шахтар Донецк.

Најнови вести